Два случаи на семејно насилство, во кое сопруг нападнал сопруга се регистрирани во текот на вчерашниот ден во полиција.
Во Гостивар околу 15 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.Г.(51) од Гостивар затоа што физички ја нападнал неговата 44-годишна сопруга. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вечерта во 23.00 часот, пак, во СВР Скопје, 38-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Б.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.