Малолетник е повреден, а три лица се со тешки повреди во две одделни несреќи кои вчера се случија на патиштата околу Штип.

Прво во 11.15 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на магистралниот пат Штип-Радовиш, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(54) од Струмица, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката К.Т.(40) од Струмица, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Струмица, констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.

Вечерта, пак, во 22.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип – Неготино, патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(27) од Кавадарци, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Д. и неговиот сопатник Х.С.(18) од Кавадарци, констатирани во Градската општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Штип.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.