При акциска контрола во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден изречени се мерки за 285 возачи на територија на град Скопје, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 184 санкции, 32 мерки за возење под дејство на алкохол, 14 санкции за возење без возачка дозвола, десет мерки за возач почетник.

Како што информираат од МВР, изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Од МВР велат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.