Министерството за внатрешни работи информираше дека во текот на вчерашниот ден се случи два, одвоени настани со физички напад во локали во центарот на Скопје.

Првиот настан се случил вчера околу 14.30 часот кога во Полициската станица Центар било пријавено дека на булевар „Св.Климент Охридски“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Д.(62) и И.Л.(39), двајцата од Скопје.

За вториот настан во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на улица „Македонија“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ш.Љ.(20) и А.А., двајцата од Скопје, при што биле употребени и остри предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полицијата презема мерки за расчистување на двата настани.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.