На 18.06.2023 околу 18:00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Арачиново-Куманово, во атар на с.Никуштак, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(61) од с.Отља, липковско, изгубило контрола и излетало надвор од коловозот.

По несреќата возачот Р.Н. и неговиот сопатник И.Ф.(65) од липковско биле пренесени во Општа болница Куманово каде на Р.Н. му биле констатирани телесни повреди, а на И.Ф. му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.