Две лица од Прилеп се полесно повредени во денешната сообраќајна несреќа после наплатна станица Сопот на автопатот Скопје-Велес.

И двајцата се вон животна опасност и по неколкучасовна опсервација во велешката Општа болница самите побарале и биле пуштени на домашно лекување, информира за МИА МаријаТрајковска, главна сестра на ЈЈУ Општа болница Велес.

Со возило на итна помош претходно биле донесени во Ургентниот центар на велешката болница и им била направена томографија на глава и биле оставени во болница на опсервација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.