Три лица се повредени, од кои двајца возачи поминаа со тешки повреди откако со возилата излетаа од пат.

Прво, околу 11.00 во СВР Велес било пријавено дека на делницата од автопат А1, од правец на Градско спрема Велес, во близина на наплатна станица „Виничани“, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.М.(67) од Куманово, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила сопатничката С.М.(66) од Куманово, констатирани во болницата во Велес.

По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот – обиколница на град Скопје, во близина на клучката Стајковци, патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(50) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.