Две девојки се тешко повредени откако во нив удрило возило во две одделни сообраќајки вчера во Скопје.
Прво во 08.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Антон Попов“ во Скопје патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Н.(37) од Скопје, удрило во А.Н.(37), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Н., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Вечерта, пак, во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, патничко возило „тојота ајго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(27) од Скопје, удрило во Б.М.(22) од Гевгелија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.М., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.