Две деца се тешко повредени во две одделни сообраќајни несреќи во текот на вчерашниот ден во Прилеп.
Во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосницата од ул.„Мице Козар“ со ул.„Никола Карев“ во Прилеп, патничко возило „мазда“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(38) од Прилеп, удрило во малолетен пешак од Прилеп, а потоа и во паркирано патничко возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Во Полициската станица Прилеп, исто така, било пријавено дека на ул.„Иво Лола Рибар“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(59) од Прилеп и велосипед управуван од малолетник од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.