Две лица загинаа во тешката сообраќајна несреќа што утрово го затвори сообраќајот на патот Гостивар Кичево.
Како што соопштија од СВР Тетово, денеска во 7 часот и 10 минути е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на отворените сепарации (каменоломи) се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила: „ауди“ со странски регистарски ознаки управувано од 42-годишниот Е.З. од Кичево и „шкода“ со скопски ознаки што ја управувал Ш.Н.(48) од тетовско Камењане.
Во несреќата, од здобиените повреди, двајцата возачи починале на местото, а смрт констатирале лекари од гостиварската Итна помош.
Јавен обвинител и екипа од гостиварското Одделение за внатрешни работи извршиле увид на местото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.