Вчера околу 16.30 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, кај место викано „Дисанска река“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од Г.Ц.(64) од село Тремник, неготинско и трактор, управуван од Д.Т.(71) од Неготино, двете со неготински регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле В.Ц.(56) од село Тремник, сопатничка во патничкото возило „опел“ и возачот на тракторот, констатирани во болницата во Велес, соопшти мвр.

По овластување на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино.

Поради несреќата сообраќајот беше во прекин.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.