Три лица се повредени, од кои две имаат тешки повреди, во судирот што се случи вчера на патот Берово – Струмица, по што повеќе од два часа беше блокиран сообраќајот на таа делница.
Како што соопштува МВР, во 15.50 часот во ОВР Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово – Струмица, атар на с.Русиново, беровско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со пехчевски регистарски ознаки управувано од В.М.(57) с.Робово, општина Босилово и патничко возило „фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки управувано од Ј.М.(63) од с.Ратево, беровско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.М. и неговата сопатничка М.М.(24) од с.Робово, а возачот Ј.М. се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.