Двајца стружани среде полициска станица почнале да прскаат со солзавец, нападнале полицајци и се обиделе да им го земат оружјето. Како што велат од Обвинителството, двајцата осомничени 32-годишници, на 16 септември по полноќ, влегле во полициската станица во Струга додека друго лице поднесувало пријава против нив и со спреј-солзавец почнале да го прскаат пријавителот во присуство на неколкумина полициски службеници, oбјави „СДК.мк“.
Веднаш потоа осомничените ги нападнале и полицајците, започнале да ги влечат и да се обидуваат да им го одземат службеното оружје. Двајцата осомничени биле совладани, но продолжиле упорно да се обидуваат да се ослободат и да побегнат од станицата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.