Два случаи на семејно насилство се регистрирани во текот на вчерашниот ден во Скопје.

Прво, 39 – годишна жена вчера во 12:00 часот во Полициската станица Центар пријавила дека била физички нападната од нејзиниот партнер А.А.(44) од Скопје.

40 – годишна жена, пак, во 0:20 часот во СВР Скопје пријавила дека на подрачјето на Аеродром била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Б.С.(39) од Скопје.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.