Две лица се здобија со тешки повреди на работните места во текот на вчерашниот ден.
Во 15.10 часот во ОВР Гостивар, од Медицински центар Гостивар било пријавено дека кај нив со
тешки телесни повреди бил донесен М.С.(51) од с.Сенокос. Според пријавеното, тој се здобил со повреди при извршување работни задачи со работна машина багер.
Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот, велат од гостиварската полиција.
Во СВР Тетово, пак, од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Џ.Џ.(60) од с.Орашје, општина Јегуновце.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 16.00 часот при извршување работни задачи во објект – сепарација на песок во с.Старо село во општина Јегуновце. Увид бил извршен и за настанот бил запознаен трудов инспектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.