Вчера околу 14:45 часот минути во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Димитар Влахов“ во Гостивар, патничко моторно возило „фолксваген“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот гостиварец З.В., удрило во пешакот С.С.(30) од гостиварско Речане.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

На регионалниот пат Тетово–Јажинце, пак, пред влезот за тетовско Одри, во 15 часот патничко моторно возило „тојота“ со тетовски регистарски ознаки што го управувала 37-годишната Х.Р.Б. од тетовски Порој удрило во пешакот Ш.Ќ.(33) од Одри.

Притоа, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. Увид извршила екипа од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.