На 07.10.2024 во 15.50 часот во с.Врапчиште, Гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го привеле Е.А.(32) од Врапчиште, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 07.10.2024 во 13.00 часот на ул.„Прилепски бранители” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода П.Р.(34) од Прилеп, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Прилеп за издржување на казна затвор. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.