СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.Т.(22) и К.Ј.(31), двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“.

На 21.08.2024 на магистралниот пат А4, на крстосница за с.Ињево, радовишко, полициски службеници запреле патничко возило управувано од второпријавениот, а при преглед над првопријавениот била пронајдена и одземена марихуана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.