На влез во гевгелиското село Прдејци, рано утрово околу 01:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода З.Г. (20) и Д.М.(19), двајцата од Косово бидејќи во возилото со кое се превезувале биле пронајдени мигранти.
При контрола во возилото „фолксваген туран“ со косовска национална ознака, кое го управува З.Г., а сопатник бил Д.М., биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија, соопштија денеска од МВР.
Тие биле задржани во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.