Вчераоколу 13.45 часот во Полициска станица Делчево од Итна медицинска помош Делчево било пријавено дека на регионалниот пат од с.Разловци кон с.Тработивиште, кај место викано „Лошана“, во с.Разловци, делчевско, трактор „ИМТ“, со делчевски регистерски ознаки, управуван од Ѓ.С.(53), каде сопатничка била Ј.С.(45), двајцата од с.Разловци, излетал од коловозот.

Во несреќата возачот и сопатничката се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани од лекар од Итна медицинска помош, по што се пренесени во Медицински центар во Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициски станица Делчево.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.