Тетовската полиција информира дека денеска се лишени од слобода двајца малолетници поради сомнение дека биле вклучени во вчерашниот инцидент кој резултираше со бодење со нож и ранување на 16 – годишник. Инцидентот се случи околу 21 часот вчера на улицата „Јане Сандански“ во Тетово.

-Полициски службеници на СВР Тетово во присуство на нивни родители лишиле од слобода двајца малолетници од тетовски Дреновец и село Порој поради сомнение дека непосредно биле инволвирани во вчерашната физичка пресметка на улица „Јане Сандански“ во градот, во која со остар предмет бил повреден друг малолетник, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

По ранувањето малолетникот беше однесен во тетовската болница од каде поради сериозноста на повредите беше пратен на скопските клиники.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.