Граничната полиција на преминот Стење, во соработка со Одделението за прекуграничен криминал Охрид, денеска приведе двајца државјани на Република Албанија за недозволена трговија на пастрмка. Е. Ш. (22) и М.А. (25) се обиделе да внесат 139 парчиња риба.

Како што соопштува МВР, при контрола во патничко возило „нисан“, со албански национални ознаки, биле пронајдени 139 парчиња охридска пастрмка со вкупна тежина околу 90 кг, кои биле предмет на недозволена трговија од Република Албанија кон Република Македонија.

Двајцата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.