Приведено е 20-годишно лице, барано со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд – Скопје, за казна затвор од три години и шест месеци, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР – Скопје, денеска околу 14.40 часот на територија на општина Гази Баба, го лишија од слобода, лицето со иницијали Л.Т. од главниот град на државава. Лицето е барано со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд – Скопје за казна затвор од три години и шест месеци, за кривично дело во врска со чл.300 ст.2 в.в. член 297 ст.1 од КЗ, информираат од МВР.
Како што додаваат оттаму, лицето ќе биде предадено на надлежната казнено – поправна установа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.