Полициски службеници на СВР Тетово, на 19 март од 8 до 13 часот спровеле акциска контрола на пешаците и нивното однесување како учесници во сообраќајот.

При контролата бил санкциониран 21 пешак (ТЕ-15 и ГВ-6), најголемиот број од нив (20) поради преминување на улиците надвор од обележани премини. На сите пешаци-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби кои, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, за овој вид прекршок се движат од 20 до 50 евра во денарска противвредност.

Покрај тоа, санкционирани се и 6 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-5 и ГВ-1), информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.