Синоќа во 23:40 часот на патот за с.Горно Нерези од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода С.Ј.(26) и М.С.(23) двајцата од Скопје, кои, според пријавеното, истиот ден околу 23.00 часот во близина на с.Горно Нерези физички го нападнале Ф.Д.(26) и му го оштетиле возилото. Притоа, Ф.Д. испукал еден проектил во воздух. По целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Во 00:25 часот, пак, на подрачјето на Центар од полициски службеници од Полициската станица Центар биле лишени од слобода Х.А.(20), Г.М.(41) двајцата од с.Арачиново-скопско и С.Ф.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека на 18.08.2022 околу 22:00 часот со тврд предмет физички ги нападнале И.Ј.(24) од с.Блаце и Ј.Р. и му го оштетиле возилото на И.Ј. По целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.