На градскате депонија во Крива Паланка, во присуство на државен санитарен и здравствен инспектор, на 26 јануари е извршено поништување на небезбедни козметички производи најдени во промет, информираат попладнево од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).
Како што појаснуваат од ДСЗИ, станува збор за шампони за коса со поминат рок на употреба и несоодветни означувања, без податок за датум на производство.
Количината изнесувала 70 броја или 26,8 литри. Како земја на потекло се наведени Република Турција и Република Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.