СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.К.(62) од с.Велмеј, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавениот, како самостоен референт матичар во Управата за водење на матични книги Подрачно одделение – Охрид, на 24.03.2020 на непознати лица издал документ „уверение за слободна брачна состојба“ на име Д.Ј.(74), со што им нанел штета при оставинска постапка на синот и ќерката на покојниот Д.Ј. и им оневозможил да си ги остварат своите права.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.