При претрес во угостителски објект во Охрид, полицијата кај охриѓанец пронашла дрога и оруже.

Како што соопшти МВР, вчера на улицата „Цар Самоил“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода З.Р.(51) од Охрид.

При претрес во угостителски објект што тој го користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага, дробилка и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, се наведува во полициското соопштение.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.