Ноќеска десетина минути по полноќ, 36-годишниот А.М. од тетовско Долно Палчиште во СВР Тетово пријавил дека на Неготинскиот надвозник бил физички нападнат од две лица со кои
претходно телефонски се договорил за продажба на неговото возило „опел астра“.

Според пријавеното, едниот од напаѓачите користел и тврд предмет, по што тие му ја одзеле чантата во која имал пари, документи и други предмети и се оддалечиле од местото.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, велат од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.