Девојка е повредена откако врз неа падна дрво на бул. „Климент Охридски“ кај Европскиот факултет во Скопје. Инцидентот се случил предмалку откако силниот ветер го соборил дрвото во моментот кога таа поминувала на улицата.

Граѓани веднаш притрчаа да помогнат. Според очевиците таа засега е во добра состојба и комуникативна.

Известени се Итната медицинска помош и полицијата за натамошна постапка.

Последните информации за инцидентот е дека жената е пренесена на скопските клиники, а во расчитувањето на теренот интервенирала и Теритoријалната противпожарна единица на Град Скопје со тројца пожарникари.

Предизвикана е и материјална штета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.