На 16.09.2023 околу 21.40 часот на патниот правец А3 Битола-граничен премин „Меџитлија“ во близина на крстосница со пат за с.Породин кон Меџитлија, патничко моторно возило „рено клио“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.С.(42) од с.Кравари, битолско, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на лице место починал возачот И.С. Смртта била констатирана од лекар од итна медицинска помош Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.