Десет лица добија обвинителен предлог за пустошење шума, кражба и измама бидејќи исекле поголемо количество дрва од туѓа шума во атарот на селото Падалиште, соопшти Основното јавно обвинителство (ОЈО) Гостивар.

„Тие ја опустошиле шумата, бесправно сечејќи вкупно 254 букови стебла. Буковите дрва за огрев ги складирале во своите дворови, од каде ги транспортирале до купувачи на подрачјето на Општина Гостивар и ги продавале. Со ова на оштетеното правно лице ЈП ’Македонски шуми‘ обвинетите му нанеле проценета материјална штета од 724 500 денари“, велат од ОЈО Гостивар.

Пустошењето, посочуваат оттаму, било направено во 2017 и 2018 година.

Еден од обвинетите се гони и за измама бидејќи од дел од исечените дрва ги продал на гостиварец лажејќи го дека потекнуваат од легална штета. Гостиварецот си платил 14 700 денари, но потоа полицијата ги одзела со потврда за привремено одземени предмети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.