Нови дојави за бомби денеска се испратени до неколку основни училишта во Скопје.
Според информации на „Република“, дојави дека се поставени бомби има во „Димитар Миладинов“, Коле Неделковски“, „Киро Глигоров“ и „Гоце Делчев“ во Центар.
Во дел од училиштата, децата се веќе евакуирани и пуштени дома.
Наскоро се очекува и потврда од МВР во колку училишта и дали има информации и за други објекти каде денеска се пристигнати дојави за бомби.
Од почетокот на второто полугодие, ова е вторпат да има закани со бомби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.