Членови на планинарскиот клуб „Аргентус Монт” објавија дека непознати сторители ја демолирале внатрешноста на планинарската кула на Титов Врв.
На увидот присуствувал и претставник на Комисијата за планинарски домови при Федерацијата за планинарски спортови.
Членовите на овој клуб во изминатите години ги носеле материјалите за опремување на кулата и ја знаат висината на материјалната штета.
Кулата е вандализирана во периодот измеѓу 8 и 18 декември 2022 година. Направена е голема штета од ванадлизирањето, изјави Зија Јонузовски, секретар на клубот.
Убидот покажал дека е запалена една шпер табла, агрегат за струја од 3 киловати, има искршени стакла и рамки за прозори.. Изгорени се материјали и алати, уништени се метална маса и две метални клупи планирани за приземјето во Кулата. Украдена е и батериска бормашина вредна 5 000 денари.
Со насилни удари е оштетена трпезариската маса на вториот кат како и опремата од соларниот панел.
Целосната санација ќе се реализира наредната година во организација на Федерацијата за планинарски спортови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.