Во ливада во атарот на селото Конопница, Крива Паланка, вчера попладне бил пронајден дел од човечки труп, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Вчера попладне, околу 17 часот и 24 минути во полициската станица, одделение за внатрешни работи Крива Паланка, било пријавено дело во ливада во Конопница пронајдени се облека и дел од човечки труп. За настанот веднаш бил известен јавен обвинител и увид извршила екипа на ОВР Крива Паланка, информира портпаролот на Секторот за внатрешни работи Куманово, Ивана Младеновска.

Дополнува дека по наредба на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.