Семејството на Блаже бара помош за неговото пронаоѓање. Апелот од социјалните мрежи ви го пренесуваме во целост:

Друштво, дедо Блаже беше во полно здравје, свесен, весел, шеговит. Нема деменција, нит склероза. Работоспособлив за своите години… Излегол од својот дом на 05.07 околу 11 часот во атарот на с. Мало Коњари со својот велосипед за да бара комбајн за жетва и од тогаш му се губи секаква трага. Вечерта имаше и невреме…

Според несигурна информација дали станува збор за истиот човек, последно бил виден на патот што излегува кај викендиците накај затворот. Пребаруван е теренот вечерта, една група пребарувавме на 06.07. Денес на 07.07 пуштени беа и дронови. Се работи за широко поле… И после се, нема никаква трага ни глас од дедо Блаже. Ниту од велосипедот…

Може да се случило било што, може да е во некое од околните села, може сакал да се засолни од невремето и многу далеку залутал.. Да се надеваме дека е здрав и жив. Сите што го познаваат теренот и што одат натаму, што имаат ниви, викендици, па и во околните села, ве замолувам да запазите! Секоја информација е добредојдена! Што и да се случило, да го најдеме дедо Блаже.

Повеќе на линкот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.