Чувар на објект во изградба во Скопје се здобил со тешка повреда додека бил на работното место.

На 01.01.2023 во 11.30 часот во Полициска станица Центар е пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ е донесен повреден Љ.М.(69) од Скопје кој појаснил дека околу 10.00 часот додека извршувал работни задачи како чувар во објект во изградба на ул.Козара на подрачје на Центар се повредил, при што од лекар му е констатирана тешка телесна повреда, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека полициски службеници излегле на местото на настанот и известен е трудов инспектор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.