Кристијан Плодников, член на партијата Десна на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски објасни какво било однесувањето на лидерот Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за злосторствата. Кристијан објасни дека Палчо собирал донации, најмногу од дијаспората за опремување на студиото каде се снимале поткастите.
Кристијан, кој и самиот беше приведен, што според неговите зборови било „како во филмот „Тетовирање““, потврди дека Палевски поседувал пиштол се додека полицијата не му го одзела.
Пиштолот го гледав кај Палчо во штабот кај Шампионче. Пиштолот го гледав кај него, во фиока, на биро, блуску до него. Така беше се додека полицијата не му го одзеде бидејќи дозволата му била за поседување, но не и за носење, раскажа сведокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.