Вчера во 15.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во атар на с.Сув Орах, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со пробни регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(20) од с.Петровец, скопско и патничко моторно возило „мазда“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Н.Ц.(29) од с.Псача, општина Ранковце.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и нивните двајца сопатници, А.Д.(18) од с.Петровец и С.Ц.(37) од с.Псача, констатирани во Општа болница Куманово.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.