Четворица Украинци се приведени откако полицијата ги фатила како вршат нелегален ископ на архиелошкиот локалитет „Исар“ кај селото Марвинци.

На 21.10.2022 година, околу 12.00 часот на археолошкиот локалитет „Исар“ кај с.Марвинци, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово ги лишиле од слобода В.О.(40), О.П.(35), И.Р.(46) и М.Р.(48), сите од Украина, со привремен престој во Скопје. Тие биле затекнати како вршат ископ на локалитетот, кој е прогласен за добро под привремена заштита. Кај нив биле пронајдени два детектора, лопати и неколку ископани предмети. Исто така, при преглед во патничките возила „тојота“ и „хјундаи“ со украински национални ознаки, со кои пристигнале на местото, бил пронајден детектор, се вели во полицискиот билтен.

По целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.