Четворица повредени и пренесени во болница е билансот од сообраќајната несреќа, што се случи на мостот Гоце Делчев во Скопје.

МВР потврди дека во сообраќајката учествувале две возила, од кое едното се превртело и се запалило.

На 15.10.2024 околу 20.55 часот е пријавено дека на бул Гоце Делчев на кракот со улицата „Лазар Личеновски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило “шкода” со скопски регистарски таблички и патничко возило “бмв” со скопски регистарски таблички. Возилото “шкода” се превртело и се запалило. Четири лица се пренесени во Клинички Центар Мајка Тереза за укажување на помош. Сообраќајот беше пренасочен кратко време , а сега се одвива во една коловозна лента, информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.