На 25.10.2024 во 00:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Индира Ганди“ во Скопје патничко возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Х.(19) од Скопје, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле сопатникот Х.А.(21) од Скопје и уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.