Четири малолетници од Демир Капија силувале врсничка, мајката на девојчето пријавила во полиција, за ова денеска информираа од СВР Велес.

Оттаму појаснија дека синоќа во 23.30 часот во Полициската станица Неготино, 30-годишна жена од Демир Капија пријавила дека подолг временски период четири малолетници, врсници на нејзината малолетна ќерка, во објект во изградба во двор на основно училиште, ја присилувале нејзината ќерка на сексуални односи со нив.

Запознаен е јавен обвинител од ОЈО Кавадарци и Центарот за социјални работи Неготино. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додадоа од СВР Велес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.