На 23-ти, 24-ти и 25 октомври полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, при извршена дополнителна контрола на влез и излез од државата на пет моторни возила, кои вршеле меѓународен превоз на патници, констатирале прекршоци. Притоа, контролирани биле четири автобуси и едно патничко возило, кои не ја поседувале законски пропишаната документација.
При контрола на патничко возило „фолксваген пасат“ со германска национална ознака, управувано од Т.К.(24) од општина Василево, два автобуса со битолски регистарски ознаки, управувани од С.З.(56) од Битола и од Т.К.(47) од Битола, два автобуса со скопски регистарски ознаки, управувани од З.М.(65) од Скопје и од А.Г.(40) од Скопје било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација – информира МВР.
Од страна на полициските службеници и Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.