Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски изјави дека имаат искази за „тоа излегување од контрола за ова дејствие“, односно убивањето на 14-годишната Вања неколку часа по нејзиното киднапирање.

Нивните укажувања зборуваат дека имале некаква паника заради тоа што јавноста била целосно ангажирана во побарувањето на детето. Едниот од нив решил дека парите ќе ги бараат подоцна и решава во тој момент да ја ликвидира. Се уште ги немаме прибрано сите информации, и за нас е малку нејасно кога мотивите се од користољубива природа, во истиот момент да лишиш некого од живот, рече Бубевски.

Времето на лишување од живот е според осомничените, а конечните детали се очекуваат од обдукцијата, додаде обвинителот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.