Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје биле изречени вкупно 195 казнени мерки.
За возење повеќе од дозволената брзина се изречени 62 санкции, 58 мерки за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се 11 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за непрописно престројување, четири мерки за возач почетник, 45 за непрописно паркирање – известуваат од МВР.
Оттаму потенцираат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.