Припадници на секторот за внатрешни работи Тетово – Полициска станица за безбедност на сообраќајот – Тетово откриле и времено одзеле три патнички возила, поради сомнение дека учествувале во таканаречени „диви“ трки на автопатот Тетово-Скопје, во непосредна близина на Требошки натпатник.

Одземени се: „БМВ“ со странски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(27) од Гостивар, „Сеат Ибица“, со тетовски ознаки што го управувал 28-годишниот А.Ш. од Скопје и „Фолксваген Голф”, со скопски ознаки, управувано од У.С.(21) од Тетово. Одземена, исто така, е и возачка дозвола од Л.А.(39) од Швајцарија, кој го управувал патничкото моторно возило „БМВ” – информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека по целосно расчистување на сите поединости околу случајот, на инволвираните ќе им се изготват соодветни поднесоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.