Три лица се повредени кога на 27 март, околу 15 часот, автомобил марка „бе-ем-ве“ со струмички регистарски ознаки излетал од патот Струмица – Радовиш, кај селото Владевци.
Според информацијата од портаролката на СВР – Струмица, Александра Трајанова, при сообраќајката се повредени возачот на автомобилот и двајца негови сопатници, кои се пренесени во струмичката болница.
Трајанова додава дека увидот на полицијата се уште трае, а од 16 часот сообраќајот се одвива наизменично, откако претходно по несреќата тој беше во целосен прекин
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.