Во текот на денешниот ден (13.05.2023) во периодот од 12.00 до 18.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 12 возачи. Од нив, 4 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 3 возеле без возачка дозвола, 3 мопеди биле нерегистрирани, еден возач бил под дејство на алкохол… За време на контролата санкционирани се и други видови на сообраќајни прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.