Уште две сообраќајни несреќи се регистрирани при кои возачите избегале откако удриле во пешак.
Најпрво на 09.01.2023 во 18.35 часот во СВР Битола било пријавено дека нa ул.„Тодор Паница“ во Битола, патничко возило удрило во К.П.(71) од Битола и го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.П., констатирани во Клиничката болница во Битола.
Потоа на 09.01.2023 околу 23.10 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на улица „Партизанска“ во Струга, патничко возило удрило во М.Д.(58) од Република Албанија и го напуштило местото. Во несреќата М.Д. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струга.
– Увид бил извршен од полициски екипи и се преземаат мерки за расчистување на случаите, информира МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.